Од полноќ нови цени на нафтените деривати

 


Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе одлука за новите цени на нафтените деривати.

Согласно новата одлука на РКЕ, поскапуваат сите горива. За еден денар поскапува ЕУРОСУПЕР БС-98, за 1,5 денари ќе се зголеми цената на ЕУРОСУПЕР БС-95. За два денари од полноќ поскапуваат дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Ова се новите цени на горивата кои важат од полноќ:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 78,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 45,173 (денари/килограм)

09.04.2024 - 09:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега