Нови руски напади со дронови врз Добропиља – загинати и повредени цивили
Во текот на последните 24 часа, руските сили извршија 67 напади со дронови врз областа околу селото Добропиља во Донецката област, јавуваат украинските власти.
Во селото е потврдено дека едно лице загинало, а тројца се повредени, додека во соседната Костјантинивка биле убиени уште тројца цивили, а четворица се повредени.
Локалните власти велат дека нападите предизвикале голема материјална штета, вклучително и оштетени станбени објекти, а цивилното население живее во постојан страв.
И покрај загубите, украинските сили продолжуваат со одбраната и работат на спречување на евентуален продор на руската војска пред очекуваната есенска офанзива. Според воените извештаи, ситуацијата на фронтот е крајно нестабилна и нема знаци на смирување на борбите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа