Нови поплави и се закануваат на Шпанија - се најавуваат дождови во делови од земјата
Дождот, иако не се очекува да биде толку силен како оној што падна на почетокот на неделата, претставува нов проблем за жителите. Бидејќи земјата е веќе заситена, понатамошните врнежи може да доведат до дополнителни поплави.
Катастрофата е најлошата во Шпанија во последните децении, а властите ги предупредуваат жителите дека вонредната состојба е далеку од завршена. Најмалку 158 луѓе загинаа во невремето, а спасувачките тимови сè уште трагаат по урнатините за исчезнати луѓе.
Повеќе од 1.200 работници се распоредени во спасувачка мисија, бидејќи предупредувањата за дожд остануваат на сила во делови од земјата. На работниците им помагаат дронови кои бараат знаци на живот по калта и урнатините.
Не е јасно точно колку луѓе се уште се водат како исчезнати, но премиерот Педро Санчез ја истакна целта да се спасат „што е можно повеќе животи“ додека ги посетува погодените заедници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа