Нова ерупција на вулканот Стромболи
Вулканот Стромболи на јужниот италијански остров во Тиренското море денеска еруптираше исфрлајќи лава, пепел и облаци од чад
Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, нема повредени и не е причинета штета.
Новата ерупција ја продолжува интензивната вулканска активност во регионот на Сицилија од минатата недела, вклучувајќи ја и Етна, објави АНСА.
Институтот наведува дека ерупцијата траела околу три минути и предизвикала сеизмичка активност во околината на вулканот Стромболи, кој е еден од најактивните во светот.
11.07.2024 - 21:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа