Албанија и се налути на Македонија поради Косово
Албанија го откажува своето учество на самитот на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа. Ваква одлука официјална Тирана донела откако Македонија се реши да не испрати покана до Косово за учество на самитот. Со тоа, албанскиот претседател Нишани го откажа своето учество на Самитот на шефови на држави кој се одржува на 1 и 2 јуни во Охрид
„Причина за ваквата одлука на Нишани е фактот што претседатеката на Косово Атифете Јахјага не е поканета да учествува на Самитот, што е во спротивност со духот на соработката и дијалогот кој владее во регионот и кој го олеснува остварувањето на заедничката цел - европска интегација. Оставањето на Косово надвор од Самитот е резултат на притисокот од страна на Србија, што е во спротивност со потпишаните договори меѓу Косово и Србија и поконкретно се крши член 14 договорот Тачи-Дачиќ, потпишан во Брисел на 19 април 2013, стои во соопштението од кабинетот на албанскиот претседател.