Ангелов: Постојат сомненија дека пожарот во Дрисла е предизвикан намерно
Постојат сомненија дека пожарот во депонијата Дрисла е предизвикан намерно, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов потсетувајќи дека летово имавме рекордно високи температури, но Дрисла не се самозапали.
-Бригадата за противпожарна заштита Скопје со сите сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла, направени се противпожарни појас за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата. Нема опасност од излегување на огнот надвор од депонијата. Гаснењето е во тек, посочи Ангелов.
Претходно тој инфрмираше дека пожарот не е алармантен, дека се работи на негово гаснење, но отигасењето пожар на која било депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запалливи гасови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа