Цаневска Арсовска: Орце Ѓорѓиевски ги излажа скопјани со EXIT

 

 


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје ги излажа скопјани, ги излажа своите сограѓани, оние од кои ја бара довербата, рече Катерина Цаневска Арсовска – кандидатка за советничка во Град Скопје од редовите на СДСМ.

По матрицата на ВМРО-ДПМНЕ и тој покажа дека за него нема граници кога станува збор за евтини предизборни манипулации, истакна Цаневска Арсовска .  

„Откако фантазираше за воз по кејот на Вардар и невозможен парк во Вардариште, сега ја кажа најновата лага, дека светскиот фестивал „EXIT“ ќе се сели во Скопје, ама само ако тој победи.

Веднаш стигна демантот, Орце го демантираа организаторита на EXIT.

Ниту во 2025, ниту во 2026 година нема потврда дека Скопје ќе биде фестивалска локација.

Значи Орце свесно ја извртува вистината, како што свесно ги лажеше скопјани и со останатите ветувања.

Ништо не научил од неговиот вистински лидер, Никола Груевски. Вистината е како шило.

Кога политичар кој бара доверба од граѓаните свесно ги лаже, тоа зборува сè за него и за неговиот карактер“, посочи Цаневска Арсовска .

Цаневска Арсовска  потенцираше дека лагата е првото оружје на секој кој нема визија, нема план и нема капацитет да испорача решенија.

„Таквите луѓе не им носат ништо добро на граѓаните – напротив.

Граѓаните на Скопје не се за потценување, тие заслужуваат чесен однос.

Скопје заслужува сериозни културни политики, вистински проекти и искрена визија за развој, а не евтини кампањски трикови и измислици за дневна употреба.

СДСМ го повикува Ѓорѓиевски веднаш да престане со лагите. Градот не е играчка, туку дом на луѓе кои бараат решение за реалните проблеми кои ги создаде токму ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Цаневска Арсовска .

09.09.2025 - 14:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега