Во сувенири си го сокрил кокаинот - уапсен Македонец во Перу

 

Македонски државјанин е уапсен на аеродромот Хорхе Чавез во Лима, главниот град на Перу бидејќи се обидел да прошверцува кокаин. 

Македонецот Мирко Њ. (53) минатитот викенд бил уапсен на аеродромот Хорхе Чавез во Лима, Перу откако се обидел во сувенири и занаетчиски производи да сокрие 1,5 килограми кокаин, пишува шпанскиот порталот Информациа. 

Освен Македонецот, во авионотот кон Мадрид сакале да се качат и двајца Шпанци и двајца Перуанци кои било откриено дека се обидуваат да прошверцуваат 16 килограми кокаин. Интересно е што петмината уапсени работеле независно еден од друг, но, перуанската полиција успела да ги открие. 

Извор: Канал 5