Перете со компакт детергенти за поголема заштеда

 

Таканаречените Компакт детергенти ќе донесат помало загадување на животната средина, заштеда на ресурси и финансиски средства.

На денешната промоција во Стопанската комора беше истакнато дека иновативните, компакт детергенти се направени од истиот материјал како стандардните, но нивната иновативна формула овозможува различна концентрација на активни состојки во помали дози. Оттука и значително помала потрошувачка, најмалку 33 отсто во тежина и 25 проценти во волумен. Позгодни се за транспорт, а може да се користат и во ладна вода.

- Сакаме да ги охрабриме потрошувачите да го усвојат концептот на одржлива потрошувачка. Со користење помали дози компакт детергенти практично ќе употребуваат и помалку хемикалии, ќе заштедат вода и енергија. Испраните алишта, пак, се еднакво чисти како при користењето стандарден детергент, рече Камелија Сур од српското здружение „Козмодет“ кое стартуваше регионална иницијатива за ефикасно искористување на ресурсите.

Според Сур, компакт детергенти се уште нема на пазарите во земјите од Западен Балкан иако бенефитот од нивното користење е повеќекратен. Затоа е неопходна поинтензивна презентација, од повеќе аспекти.

Министерството за животна средина кое го поздрави проектот на „Козмодет“ апелира домашните производители на прашоци за перење да извадат еколошки дозволи како потврда за заштита на животната средина.

најчитано сега