Бебе во Скопје се зарази со ХИВ

 

Еднoгодишно дете заразено со Хив/Сида. Вирусот му го пренела мајката уште во утробата, објавува порталот Здравство 24.

Заболувањето кај детето било откриено случајно неодамна. Овие два случаи се меѓу седумте новорегистрирани само последните три месеци. Сите се од Скопје. Две лица имаат Сида, а 5 се Хив позитивни. Најголем дел се мажи на возраст од 20 до 29 години.

-Четири од овие седум новорегистрирани вирусот го добиле по хетеросексуален пат , еден случај е од мајка на дете, а во два случаи станува збор за МСМ пренос, вели за здравство24 д-р Жарко Караџовски епидемиолог во Институтот за јавно здравје.

Повеќе на темата на Здравство24.мк