ВИДЕО: Убавините на Македонија во спотот на Здравко Чолиќ спонзориран од T-Home

Во очи на големиот концерт кој ќе се одржи на 31 мај во СЦ Борис Трајковски во Скопје, Здравко Чолиќ денес го промовираше новиот спот за насловната песна „Ватра и барут“, спонзориран од T-Home.

Спотот е снимен во Македонија на почетокот на овој месец, на атрактивни локации во Скопје и Охрид.

Како специјален гостин во спотот покрај Чолиќ се појавува и Влатко Стефановски чија гитара на оваа песна и дава специфична нота, а своја улога има и манекенката и поранешна лото девојка Натали Грубовиќ.

Видеото е во режија на Игор Иванов Изи и е замислено како своевидно патување низ времето и на пост-модерен начин ги поврзува различните локации и стилови, претставувајќи ја Македонија од нејзиното древно наследство до денес. Со појава на Здравко и Влатко се плете приказна чиј фокус е љубовен копнеж за една дама која на крајот го пронаѓа својот животен сопатник.

Текстот на песната “Ватра и барут“ го напиша Марина Туцаковиќ со помош на Чола кој е композитор на оваа нумера, додека аранжманот и продукцијата ја потпишува Никша Братош.

29.05.2014 - 15:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега