Пратениците од СДСМ денеска ќе ги вратат мандатите - Роза Топузовска трн во око за опозицијата
Денеска во 13:30 часот пратениците на СДСМ како што беше најавено ќе ги поднесат своите оставки во Собранието. На вчерашната координација кај лидерот Зоран Заев, која траеше до доцна попладнето, според партиски извори, новите пратеници од СДСМ и коалициските партнери се согласиле и понатаму да останат на ставот за непризнавање на резултатите од двојните избори преку бојкот на парламентот
Ваквата одлука била донесена на состанокот меѓу пратениците и раководството на СДСМ, и покрај тоа што имало негодувања и расправи да се почека и да не се избрза со непромислени потези. Нјаголем проблем во враќањето на мандатите претставува пратеничката Роза Топузовска од редовите на ЛДП. Таа им е трн во око на Заев и Жерновски, поради тоа што таа ги става во дилеми уште неколку пратенички дали да тргнат по нејзинот пат или да се водат од наредбите на лидерите во партиите.
Некои од интернет поратилите се обиделе да стапат во контакт со неа но на почетокот таа не била достапна. Откако успеале да ја добијат, Топузоска им навестила да ја побараат утре, односно веќе денес за да добијат одговор како всушност пратеничката на ЛДП ќе постапи со мандатот. Како што пренесуваат некои од порталите се позвесно е дека Топузовска ќе биде единствениот пратеник од опозицијата кој нема да го врати мандатот.
Од опозицијата на ваков потег се реши и Руфи Османи од НДП, кој доби пратеничко место во новиот парламентарен состав.
28.05.2014 - 09:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа