Тито до Заев: Без грижа, не ти вртам грб

 

Лидерот на НСДП, Тито Петковски преку Утрински весник му порача на првиот социјалдемократ Зоран Заев дека нема потреба да се грижи, бидејќи неговата партија не си заминува од опозицисккото јато. По прес конеренцијата на Петковски од миантата недела на која предложи серија закони кои подразбираат враќање на опозицијата во Собранието, медиумите излегоа со натписи дека поранешниот член на СДСМ, кој своевремено беше и во коалиција со Груевски, решил повторно да менува страна. 

Петковски реагираше и по половина час прес конференција, се дообјаснуваше во Утрински весник.

„Тоа што го предложив е само наш прилог околу заедничката платформа на опозицијата. Станува збор за работен текст, кој не е финален и може содржински да се дополни. Затоа и не се појавивме на заедничка прес-конференција. Ние постојано сме во контакт со СДСМ. Се' што правиме е во договор со социјалдемократите. Тука никој нека нема дилеми“. Нашата цел е во рамките на демократските правила, со јана стратегија, низ еден цврст и храбар бојкот да ја вратиме земјата во нормалност“ - вели Петковски за Утрински весник

Петковски има и објснување, како би ги реализирал своите предлози без да се врати во Собранието.

„Тие предлози би се реализирале во наредната фаза, односно откако ќе се формира техничката влада која треба да спроведе фер и демократски избори“ - вели Петковски за весникот.

Петковски пред неколку дена на прес конференција ги најави предлозите кои опозицијата ќе му ги достави на Собранието.

„Ќе предложиме измена на изборниот законик во насока на демократизација на изборниот процес во Македонија, до забрана за учество на изборите, за партиите што го прекршуваат изборното законодавство и изборниот процес. Во најкус можен рок ќе подготвиме и на Собранието да му се предложи Закон за МРТВ, со прецизно набележани обврски како јавен сервис, за покривање и на активностите на опозицијата“ - рече Тито Петковски прес конференцијата на 23 мај.

27.05.2014 - 11:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега