Се сретнаа Заев и Црвенковски - еве за што разговараа
Денеска се одржа средба помеѓу претседателот на СДСМ Зоран Заев и поранешниот претседател на СДСМ и поранешен претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски.
На средбата беше разгледана демократската дебата пред, за време и по 18-от Конгрес на СДСМ.
Заеднички беше заклучено дека на СДСМ и е потребно единство и внатрешна кохензија на сите загрижени за состојбите во Република Македонија.
Нема непријатели внатре во СДСМ, постои едно зло што и нанесува штета на државата, а тоа се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и сите сили треба да се насочат кон доброто на Република Македонија, заклучија претседателот на СДСМ, Зоран Заев и поранешниот претседател Бранко Црвенковски
(Интегрален текст од писмено соопштение на СДСМ)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа