„Грав“ на Мал драмски театар освои Гран-при во Бугарија
Претставата „Грав“ од Елин Рахнев во режија на Љупчо Ѓоргиевски, копрукциски проект на Мал драмски театар-Битола и Драмско-кулклен театар од Враца, го освои највиското признание - Гран-при на 24. Меѓународен фестивал на мали театарски форми во Враца, Бугарија.
Покрај Гран-при, Мал драмски театар-Битола доби и награда за најмузикално актерско трио, во кое учествуваа актерите Јоана Поповска, Анастас Попдимтров и Георги Грозев, истакна продуцентот Александар Лозановски.
- Задоволни сме од високото признание кое ни го додели меѓународното стручно жири предводено од Русинката Нора Макарова. Конкуренцијата беше голема затоа што со квалитетни претстави настапија театри од Словенија, Романија, Албанија, Литванија, Србија, Црна Гора и домаќинот Бугарија, а ние како единствен претставник од Македонија дома се вративме со Гран-при, изјави Лозановски.
Фестивалот на мали театарски форми се одржа од 16 до 22 мај во бугарскиот театарски центар Враца, а во меѓународното жири членуваше и театарската критичарка Лилјана Мазова од Македонија, информираше денеска Мал драмски театар-Битола.