Македонска работа: Среде донации СДСМ пресметува колку Владата ќе заработела од данок

 

Во моментите кога Македонија организирано им помага на соседите погодени од катастрофалните поплави, опозициски функционери но и медиумите и невладините организации кои ги плаќа СОРОС или пак по други линии се блиски до опозицијата ја критикуваат Владата затоа што за СМС пораките преку кои се собира финансиска помош се плаќа и данокот на додадена вредност. 
Кире Наумов од СДСМ дури направил и анализа на социјалните мрежи. 

 

Веднаш се јавија и медиумите на СОРОС кои критикуваа дека владата наплаќа данок за хуманитарна помош.

Сепак, гграѓаните и коирисниците на социјалните мрежи им порачаа на функционерите на СДСМ да не тераат политика со маката на соседите. Тие коментираат дека сумата од десетина илјади евра која Владата ја собрала од ДДВ не е ништо во споредба со трошоците за испратената помош во Србија и Босна и Херцеговина.
За потсетување, од Македонија во загрозените подрачја по интервенција на Владата полетаа 2 хеликоптери, вкупно скоро 100 луѓе, чамци, пумпи, електрична енергија како и лекови, ќебиња, храна. Вкупната вредност на оваа помош за десетици пати ја надминува сумата која Македонија ќе ја собере од ДДВ преку испратените пораки.

19.05.2014 - 12:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега