ММФ ја заврши посетата во Македонија

 

- Мисијата на Меѓунaродниот монетарен фонд предводен од Ивана Владкова Холар денеска ја завршува посетата на Македонија.

Тема на разговорите што Мисијата ги имаше со надлежните во земјата од 6 мај беше Пост-програм мониторинг (ППМ). Консултациите по членот 4 од оваа програма се редовна проверка која се врши кај сите земји членки што се приклучуваат на ММФ.

Процесот на Пост-програм мониторинг (ППМ) е наменет за земји членки кои имаат значителна преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани.

19.05.2014 - 09:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега