Цело семејство остана без покрив над глава - страотен пожар го потресе Прилеп
Tричлено семејство од Прилеп остана без покрив над главата, откако утринава избувнал пожар во нивната куќа лоцирана на улица „Цане Илиоски“ број 17.
Командирот на Прилепската противпожарна единица Станко Колески информира дека пожарот бил пријавен во 9:40 часот. Единицата интервенирала со три противпожарни возила и 10-тина пожарникари.
- Пожарот го зафати горниот кат и покривот на куќата. Се е целосно изгорено и уништено. Во куќата кога почнал пожарот, семејството не беше дома. Штетите се огромни, вели Колески, пренесува МИА.
Семејството Свеќароски во моментот кога избувнал пожарот било на нива. Пожарот го забележале соседите и веднаш им јавиле на Свеќароски.
- Кога стигнавме од нива се обидовме да гаснеме, но се беше залудно. Ни изгоре целата покуќнина. Имав и пари внатре. Сега сме без покрив над главата, рече сопственикот Трајче Свеќароски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа