Заев се жали за мандатите - пратениците не поднесуваат оставки
Лидерот на СДСМ Зоран Заев се жали дека пратениците од неговата партија кои ја добија довербата на граѓантие на последните избори се соочуваат со проблеми на работните места бидејќи верификацијата во Собранието значи дека ќе останат без работа.
„Зоран Заев е човек кому во 2008 и 2011 година му беше верификуван мандатот со писмена изјава на нотар, зошто се губи градоначалничката функција ако не се стори ова. Дел од нашите пратеници се професори и доктори на науки, или пак се советници во совет. Со тоа се јавува неспоивост на функциите бидејќи пратеничката функција не е споива со ниту една друга. Не може да се биде член на управен одбор, не може да се биде во работен однос ниту пак сопственик на фирма. За тоа уставно загарантираните права се загрозени на овие 34. кандидати за пратеници и не е почитувано нивното уставно право, затоа што секој граѓанин има право на избор. Забеганоста на системот навистина нема крај, нема ниту владеење на правото и не се почитуваат уставот и законите“ - изјави денеска заев при посетата на повредените во несреќата кај Сарамзалино во велешката болница.
Останува нејасно, зошто овие 34 пратеници не поднесат оставки до македонскиот законодавен дом и едноставно им стават крај на своите проблеми. Наместо тоа, опозицијата најавува најавува тужба до Управниот суд во која ќе бара тој да ја запре верификацијата на мандатите, односно да и се спротивстави на волјата на гласачите.
„Сите се ставени пред соочување со кривични дела бидејќи голем дел од нив се потписници и се во работен однос, советници или претседатели на совет и ако потпишат некаква одлука, тие се потенцијални прекршители на законот. Тим од правници во СДСМ веќе работи за надминување на ова и сè што ќе биде ново ќе изнесеме во јавност“ - рече Заев, пренесе Дума.
Ваквиот развој на настаните ги потврдува анализите на повеќе експерти дека социјалдемократите всушност не сакаат да поднесат оставки во Собранието. Во ваква ситуација, сите 34 пратеници месечно ќе примаат по околу 90.000 денари плата. Еветуалната оставка би ги решила сите нивни проблеми, но до овој момент, во собраниската архива, такви барања не се пристигнати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа