СДСМ ги кажа своите услови за враќање во Собранието
Услов СДСМ да се појави во Собрание се процесуирање на кривичните пријави против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, формирање техничка влада која ќе спроведе фер и демократски избори и после тоа СДСМ е спремен да се појави во Парламент, изјави Петре Шилегов, портпарол на партијата за Вест.
Опозицијата го бојкотира Собранието по катастрофата што ја доживеа на двојните избори. Само на парламентарните загуби со 200.000 гласа разлика што е втор најголем пораз на СДСМ по оној кога Ѓеќеринска се посрамоти во соочувањето со Груевски.
Опозиционерите сметаат дека на изборите е спроведена „системска кражба“ формулација што до денеска никој не ја објасни.
Иако најавија дека нема да учествуваат во работата на Собранието, опозиционерите до денеска се уште немаат поднесено оставки, што значи дека им тече собраниската платал односно граѓаните за секој ден „во бојкот“ им плаќаат по околу 3.000 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа