ВИДЕО: СДСМ му ја исполни желбата на Груевски

 

gruevski-miting-struga

Груевски тогаш ваквата најава од Заев ја оцени како позитивна вест за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што нагласи, и да барале подобар противник од Заев, не можеле да најдат.  

-Убавата вест во внатрешната политика, барем за нас во ВМРО-ДПМНЕ, незнам дали за сите во Македонија е дека Заев објави дека нема да си дал оставка во недела вечер, ќе останел претседател на СДСМ. Петка. Браво. Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, тоа е идеално. Не може да биде подобро. Јас му посакувам многу здравје и долг живот, и подолго да е претседател на СДСМ, рече Груевски на митнгот во Кочани на 24-ти април.

Зоран Заев остана претседател на СДСМ и покрај дебаклот на предвремените парламентарни и избори. Заев и Шекеринска загубија со 200.000 гласа разлика, што е втор најтежок пораз во историјата на СДСМ по оној на неговата заменичка во 2008 година. На партискиот Конгрес одржан во неделата, Заев ја доби довербата од делегатите. За него поддршка дадоа 413 делегати, додека против гласале 176

14.05.2014 - 10:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега