Иванов со граѓаните првиот ден од вториот претседателски мандат

По повод инаугурацијата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Вила Водно се одржа свечена церемонија, на која тој беше пречекан од неговата сопруга Маја, синот Иван и членовите на неговиот кабинет, а првиот ден од вториот мандат им го посвети на граѓаните кои присуствуваа на свеченоста.

Иванов истакна дека ќе биде претседател на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност.

Претседателот Иванов вториот мандат го доби на изборите што се одржаа на 13 и на 27 април, освојувајќи во вториот круг 534.910 гласови,  наспроти противкандидатот од СДСМ Стево Пендаровски, кој доби 398.077 гласови.

12.05.2014 - 15:26
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега