Прва празнична литургија во новата црква во Делчево
Во чест на светите солунски браќа Кирил и Методиј, утрово во новоизградената црква во Делчево, што ним им е посветена, се одржa првата празнична богослужба.
Со архиерејската литургија чиноначалствуваше неговото високопреосвештенство митрополитот Брегалнички, Иларион. Сослужуваа повеќемина свештенослужители од Брегалничката епархија на МПЦ - ОА и црковен хор.
По завршувањето на литургијата се одржа свечена литија од новоизградената црква „Св.Кирил и Методиј„ до СОУ „Методи Митевски - Брицо„ во чиј двор до 1950 година се наоѓал храм посветен на светите солунски браќа, разурнат во времето на едноумието.
По завршувањето на црковните обреди г. Иларион ќе одржи слово за сесловенските просветители и ќе присуствува на свечената седница на Советот на општина Делчево.