Мурињо се брани - „Се беше одлучено во една минута“
Стратегот на Челзи Жозе Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот со Атлетико рече дека победникот го решија два моменти кои се случија во иста минута.
- Се беше одлучено во една минута. Голманот на Атлетико на неверојатен начин го одбрани ударот на Тери, а потоа во следниот напад гостите добија пенал. До тој момент натпреварот беше изедначен, а во одредени периоди ние бевме подобар противник, истакна Мурињо.
„Специјалниот“ додаде дека по примениот втор гол, неговите фудбалери паднале на психолошки план.
- По 2:1 ни беше многу тешко да се вратиме. Од тој момент на теренот играше само еден тим. Крајот на натпреварот беше многу тежок за нас. Атлетико покажа зошто е лидер во Шпанија. Честитки за нив. Ова што го прават е голема работа, посочи Мурињо.
Атлетико Мадрид синоќа со 3:1 го совлада Челзи во Лондон и обезбеди финале во Лигата на шампионите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа