За своите најверни фанови ЖРК Вардар обезбеди 50 билети за Final 4 турнирот од ЕХФ ЛШ

 

Челниците на женскиот ракометен клуб Вардар, за своите најверни навивачи обезбеди дополнителни 50 билети, за Final 4 турнирот од ЕХФ лигата на шампиони. 

Билетите кои ќе важат за 4 натпревари можат да се набават во туристичката агенција Гуливер Милс по цена од 80 евра најдоцна до петок 02 Мај.

-Знаејќи дека сите клубови кои настапувале пред нашата публика се под огромен притисок, ќе ни претставува посебно задоволство и мотив да ве видиме сите Вас на трибините во Будимпешта. Побрзајте и бидете и Вие дел од овој историски успех на нашите ракометарки кои со Ваша помош сигурно би ја крунисале успешната ракометна сезона на македонските клубови во Европа, стои во соопштението од клубот.

За повеќе информации јавете се во ТА Гуливер Милс (до полициска станица БЕКО) телефон 02/3109-850 и моб. 070/388-810

или пак директно во канцелариите на ЖРК Вардар СЦБТ на телефон 02/3069-510 и моб. 075/373-177

30.04.2014 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега