Бојкот, инциденти, протести - Што подготвува СДСМ за изборите
Бојкот инциденти и протести подготвува СДСМ за денот на изборите и периодот кој следи, дознава Press24 од партиски извори. Според нашите информации, СДСМ во текот на изборниот ден, ќе се обиде да сценира инциденти на повеќе избирачки места. На ваква можност предупреди и Министерството за внатрешни работи на вчерашната прес конференција.
Партиски извори од Бихаќка велат дека во текот на денот, СДСМ ќе ги повлече своите набљудуачи од избирачките места, со оправдување дека изборите не се регуларни и дека власта спроведува „системска кражба“ на изборите.
Следниот чекор на опозицијата, според нашите информации ќе биде прес конференција на која партиското раководство ќе илзезе со изјава дека изборите не се регуларни и дека не ги признава изборните резултати. Потоа се очекува СДСМ да ги врати добиените пратнеички мандати и да ги повика граѓаните на протести. Барањата ќе бидат распишување на нови парламентарни избори кои ќе ги спроведе техничка влада.
Ваквата можност ја најавија и експерти и новинари кои важат за блиски до опозицијата а сценариото не го исклучи ниту лидерот на СДСМ Зоран Заев кои во последните неколку насапи во јавноста потенцираше дека уличната демократија СДСМ не ја отфрла како опција.
Аналитичарите коментираат дека од ваквото сценарио, најголема корист ќе извлече Грција која повторно ќе може да аргументира пред меѓународната јавноста дека во Македонија не функционираат институциите и дека спорот со името не е единствената пречка на патот на македонските евроатлански интеграции. Ваквото сценарио, според нашите извори не наишло на поддршка ниту кај меѓународниот фактор во земјава кој јасно му ставил на знаење на Заев дека евентуален обид за дестабилизација на земјата ќе биде најостро осуден.
Протести, бојкот и обиди за дестабилизација на Македонија преку предизвикување политичка криза не е ништо ново за СДСМ. Оваа партија го држи светскиот рекорд во бојкот на институциите, имајќи предвид дека најмалку днаш годишно социјалдемокартите излегуваат на улица и бараат промена на власта без избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа