„Заев како порнофил“

 

Дали Заев сам фалсификувал документи или во тоа му помогнал криминалец осомничен токму за фалсификати и затајување на данок? ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потсетува дека документите кои лидерот на СДМС ги објави вчера и на кои стои печат кој владејчката партија го прогласила за неважечки пред 10 години се класичен фалсисикат и го прашува Заев, во каква врска е со криминалецот чие име фигурира на потврдите за исплатен кеш

За експертите фактот дека Заев лиферува фалсификати е само доказ дека лидерот на СДСМ е свесен дека се наоѓа пред сериозен изборен пораз

Ова е фактички ексалација на неговата коцарска игра, се или ништо  бидејќи и самиот начин на кој излезе со листите самион начин на кој што ја водеше дебата асоцираше на нешто такви и гледаме дека се заплетка со сите овие неови игри. И сега се поставува прашањето, каде ќе заврши сета оваа лакрдија, гротеска и циркузијада околу Зоран Заев, вели Ивица Боцевски во изјава за Сител.
Според Боцевски, Заев во оваа предизборна камапња покажал дека нема капацитет да биде лидер на политичка партија

„Заев покажува дека разноразни матни типови, влечуги од луѓе да го манипулираат со измислени документи, наводни аудио ленти, видео ленти и тој наместо да си го посвети денот на менаџирање на партијата, тој како еден порнофил се занимава со слушање на аудио ленти, видео ленти, со некакви си други нешта што асоцира на ситно човече со приземни страсти и со ниски животни очекувања“- рече Боцевски.

По катастрофалниот пораз во првиот круг, Заев фрли се на една карта, односно на црна кампања и обид да се дискредитира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Сепак, анкетите кои ги објавија сите релевантни рејгинг агенции покажаа дека токму ваквата кампања го стопи рејтингот на опозицискиот лидер, за сметка на оној на Груевски кој бележи значителен пораст.

 

 

23.04.2014 - 20:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега