Мицкоски: Од СДСМ ако продолжат вака нема да имаат ниту еден градоначалник

 

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра критика кон политиката на СДСМ, оценувајќи дека опозициската партија води деструктивна стратегија насочена исклучиво кон негирање и критикување на сè што Владата прави. Тој предупреди дека ваквиот пристап може скапо да ги чини на претстојните локални избори.

„Не е во ред да се напаѓа сè што правиме, по секоја основа. Дури и важни меѓународни договори, како оној со Обединетото Кралство, се цел на нивните критики. Тоа не е конструктивна опозиција“, изјави Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се на добар пат да обезбедат убедлива победа на локалните избори. Тој изрази сомнеж дека СДСМ ќе успее да освои било која градоначалничка позиција, нагласувајќи дека според моменталните бројки, таа партија е реално конкурентна само во четири општини.

„Искрено, ако продолжат со ваков неодговорен однос, постои можност да останат без ниту една освоена општина“, додаде Мицкоски.

19.05.2025 - 12:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега