Албанец уапсен на „Блато“ со два куршуми
Вчера во 14.50 часот на Граничниот премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Х.Л.(46) од Република Албанија затоа што при гранична контрола кај него се пронајдени и одземени два куршуми.
Известен е јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Дебар за понатамошна постапка.
19.05.2025 - 16:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа