Димовски: Господине Заев дали фалсификувавте документи?
Веќе подолго време целата јавност е сведок на фалсификатите, монтажите и лагите кои ги пласира СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев.
Сите граѓани знаат дека СДСМ и Заев тоа го прават заради тоа што се во паника и очај. Во нивните постапки се гледа огромна омраза, гнев и страв. СДСМ не разбра дека луѓето бараат искрен однос, а не фалсификати, монтажи и лаги.
За да биде јавноста целосно запознаена со начинот на кој постапува СДСМ денес би сакал да ви презентирам уште неколку докази кои ќе потврдат дека она што Заев го извади како документ на неговата прес конференција е класичен фалсификат.
Прво, еве го изгледот на печатот кој стои на документот кој го презентираше Заев. Тој не е валиден печат уште од 2004 година. Во Статутот на ВМРО-ДПМНЕ кој е доставен до Oсновниот суд Скопје 1 на 15.10.2004 година и кој е потврден од страна на Основниот суд со Решение од 02.11.2004 година, јасно и недвосмислено, во член 5 и член 6 е опишан новиот печат на партијата кој е многу различен од претходниот. Еве го и новиот печат, оној од 2004 година па до денес, видливо, за да може граѓаните да ја видат разликата. Значи, ВМРО-ДПМНЕ не го користи стариот печат и тој е неважечки и според одлуките на судот уште во 2004 година, бидејќи тој печат во време на расколот во партијата исчезна. Сепак на овој документ кој го презентираше СДСМ стои датум од 2006 година, цели две години после промена на печатот што самиот документ го прави фалсификат. Дополнително на тој документ стои измислен потпис.
Јасно е како бел ден дека станува збор за фалсификуван документ.
Она што нас не запрепастува е леснотијата со која Заев се одлучува да лаже и манипулира, да се служи со фалисфикати и монтажи.
Би сакале да му поставиме неколку прашања на господинот Заев:
-
Дали тој лично го фалсификувал овој докумет или документот го фалсификувале заедно со споменатиот осуден на 6 години затвор од страна на Врховниот суд, токму за фалсификување на документи, Загорец Тумбовски?
-
Знаејќи го фактот дека Тумбовски Загорец е во бегство заради пресуда од Врховен суд за казна затвор од 6 години, го прашуваме Заев каде се крие осудениот, ако заедно со него го правеле фалсификатот или ако тој му дал ваков фалсификуван документ?
-
Каква соработка има Зоран Заев со осудениот за фалсификување, даночно затајување и перење пари, Загорец Тумбовски?
-
Како Заев се дрзна да презентира фалсификуван документ со неважечки печат и со измислен потпис?
-
Ако Заев не го правел фалсификатот, кој го правел тоа и кој му го дал?
-
Како е возможно човек што претендира да биде премиер да презентира или да учествува во правење на фалсификати и тоа на фалсификат на кој стои име на лице веќе осудено од Врховен суд токму за фалсификување на документи?
-
Дали Зоран Заев или неговата фамилија имаат или имале бизнис соработка со осудениот Загорец Тумбовски?
Зоран Заев мора да даде одговор на овие прашања бидејќи неговите настапи повеќе не личат на сериозни. Зоран Заев се повеќе личи на човек кој е паничен и полн со гнев. Тој мора да разбере дека граѓаните не го прифаќаат и не му даваат поддршка.
(Интегрален текст од прес конференција на Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа