Надал ја забележа 300. победа на земја

 

 Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал од Шпанија ја забележа победата број 300 на земјена подлога во својата кариера.
 
Тој  денеска на АТП Мастерс турнирот во Монте Карло го победи Андреас Сепи со 2-0 во сетови 6:1 и 6:3.  
 
По овој меч Надал стана единаесеттиот тенисер во историјата што стигнал до остварување од 300 победи на земјените терени.
 
Следниот противник на Надал во четвртфиналната фаза ќе биде Давид Ферер кој во дербито на 3.коло беше подобар од Григор Димитров (Бугарија) со 2-0 во сетови 6:4 и 6:2.
 
Пласман во следната фаза на престижниот турнир во Кнежеството остварија и Роџер Федерер по победата над Лукас Росол од Чешка (6:4 и 6:1), како и Жо Вилфред Цонга кој го елиминира Италијанецот Фабио Фоњини (5:7, 6:3 и 6:0). 
 
Меѓу осумте најдобри се најдоа и Милош Раониќ од Канада и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ

17.04.2014 - 18:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега