Удар за македонските спортски обложувачи

 

Доколку некој сака да се обложува на македонскиот шампионат, најверојатно во иднина ќе нема можност за такво нешто. Фудбалската федерација на Македонија планира да испрати писмо до ФИФА од која ќе бара македонскиот шампионат да го нема на ниту една обложувалница во светот за да се запази регуларноста, пренесува Утрински весник.

Управниот одбор на ФФМ дискутираше за дописот пратен до Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) со кои ФФМ, побара мислење од ФИФА за евентуалното повлекување на натпреварите од македонскиот национален шампионат од понудата на обложувалниците. Дописот до ФИФА е пратен од причина што клубовите кои се во системот на фудбалската федерација на Македонија немаат никаква корист од тоа што се наоѓаат во понудата на обложувалниците, а понекогаш неоправдано и без аргументи се ставаат во позиција да се спори за нивната чесност и спортско однесување на натпреварите.

15.04.2014 - 20:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега