Честитка од Иванов до Еврејската заедница
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот празник Песах, упати честитка до членовите и припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија.
- Ми претставува чест и задоволство на сите припадници на Еврејската заедница во нашата земја да ви упатам искрени честитки по повод одбележувањето на празникот Песах, денот кој ја прославува слободата на еврејскиот народ, стои во честитката.
Претседателот Иванов изразува уверување дека ваквите празници не потсетуваат на вредностите кои треба да се негувааат, но и на почитувањето на религиските и културните посебности кои даваат придонес во севкупниот развој на Македонија.
- Еврејската заедница во земјава има особен придонес во градењето и почитувањето на општествените вредности. За нашата заемна и добра соработка сведочат и добрите пријателски односи кои Македонија го има со Израел, се наведува во честитката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа