Муцунски во Вашингтон:Македонија и САД на чекор до Договор за слободна трговија, напредок во намалувањето на тарифите
За време на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари значајна средба со Џејмисон Грир, трговски претставник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Средбата беше фокусирана на унапредување на билатералната трговска размена и отворање нови можности за економска соработка меѓу Северна Македонија и САД.
„Важно е да истакнам дека постигнавме конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите, како и во дефинирањето на следните чекори кон потпишување Договор за слободна трговија“, информираше министерот Муцунски преку социјалните мрежи по средбата.
Во текот на разговорите, министерот Муцунски ги претстави и економските политики на Владата насочени кон подобрување на деловната клима, поттикнување на странски директни инвестиции и обезбедување стабилна и предвидлива регулаторна рамка за американските компании заинтересирани за инвестирање во Северна Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа