ЕУ нема забелешки на првиот круг на претседателските избори
Европската комисија ќе го чека вториот круг на изборите за претседател на Република Македонија, како и оценката на ОБСЕ/ОДИХР за тоа како вчера помина првиот круг од изборите, за официјално да го каже својот став за претседателските избори во нашата земја, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Ова за МИА денеска го изјави портпаролот на неформалната Влада на Европската унија, Петер Стано. Сепак, во Европската унија немаат забелешки на вчерашните избори.
- Генерално, изборите се важен дел од демократскиот процес и ние затоа отсекогаш ги следиме одблиску и набљудуваме што се случува. Како што знам, ќе има втор круг на изборите и затоа нема официјално да коментираме пред втората рунда, истакна гласноговорникот на Еврокомисијата.
Во однос на атмосферата и влијанието на овие избори, портпаролот Стано посочи дека тие се набљудувани од страна на ОБСЕ/ОДИХР и Брисел ќе ја чека нивната оценка оти вообичаено, по нивната генерална оценка, ЕК излегува со својата позиција, што е случај со изборите кај сите наши земји-партнери
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа