Захариев: Автопатот Скопје-Штип ќе значи поголема безбедност, побрзо патување и огромни заштеди
Владата на чело со премиерот Никола Груевски донесе храбра одлука. Почнуваме со изградба на еден автопат кој ќе го поврзува Скопје со Штип. Патот ќе се скрати за 30 километри, а времето на патување ќе биде половина час, истакна градоначалникот на Штип Илчо Захариев во отвореното студио пред почетокот на митингот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Изградбата на новиот автопат, според Захариев ќе значи поголема безбедност за граѓаните, побрзо патување, огромни заштеди, но пред се доближување на Штип до Скопје.
-Производите кои ќе одат од Струмица, Радовиш, Кочани, Берово, Делчево и Штип ќе патуваат побрзо до Скопје и ќе бидат поефтини. Тоа ќе значи и привлекување на странски инвеститори, до Штип имаме голема ТИРЗ зона. До 2020 година треба да се направи и аеродоромот која Штип, што ќе значи резервна варијанта за скопскиот аеродром, мислам дека ќе направиме многу, додаде градоначалникот Захариев.
Тој истакна дека со инфраструктурните пректи на Владата, Штип заживеа и додаде дека во и надвор од зоната се отвораат работни места.
-Бројот на невработени во нашиот град во моментов е 2.440, а идејата и амбициите, заедно со Владата, ни се да направиме бројот на невработени после три години да биде само 500. Мислам дека во тоа ќе успееме.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа