Тони Михајловски повторно се изнервира: Еве го одговорот на писмото на Александар Поповски
Се чувствувам некако прозван во писмото на Александар Поповски,во кое сака да биде запишано за кого ке гласал, во делот кога ја спомнува гардеробата и посетата на Претседателот Ѓорѓи Иванов која јас ја наведов како моја човечка причина зошто ке гласам за Бројот 1.Покрај исполнувањето на програмата која ја вети пред 5 год и вадењето на Македонија од изолацијата во која не воведе омилениот му на Ацо-лицето БЦ.Мора да ги паметите рекордните пет посети на Црна Гора.И толку.Отчет две страници и сметки од кафана.
Може Иванов да зборува тоа нека не те грижи и без да му укажат што да каже.Има програма.СтевШо Пендаровски мора да ја вади и сопругата на сцена за да попуни време.
Ацо пати зошто Претседателот не му бил на негова претстава и не го гушнал.Ацо и нас не не гушна друже.Само се поздравивме.Знам дека бил и на твоја претстава ама и да сакал да се поздрави со тебе ти ке си избегал.А твојот Прецедник не можел да те гушне у театар пошто знаеш и самиот колку мрзеше театар,глумци и се што има врска со култура.Сакаше додуше од време на време да опрчи по некоја колешка и тоа му беше врвот на занимавање со театар и уметноста воопшто.
Име,Презиме и Индивидуа велиш.
Името го сменивте.Ни закачивте таква гротескна додавка на Македонија која што не престана да боли овие 23 години.Југославија умре ама вие си ја оставивте да живее во придавката за која во историјата е длабоко запишано кој го сторил тоа гнасно предавство.
Презимето(знамето) исто така без никој да ве тера сами отидовте и го продадовте. Тие за кои сакаш да се запише дека ке гласаш.И тоа предавство е запишано и ке се памети и ке те следи цел живот кога ке се свртиш наназад.Секогаш кога ке ви загусти вие се вртите наназад.И бегате.Штулич би запеал…Курвини синови..Добар Џони.Срце немате бидејки да имавте немаше да ја предадете земјата во 2001.Подметнавте кукавичко јајце и избегавте.
Индивидуа покрај вашиот БЦ тешко проаѓало,проаѓа и ке проаѓа а тоа го видовме и со последниот индивидуален избор на еден единствен кандидат за Претседател.Само еден имате што е кадар да се кандидира?И тој некадар ми се гледа некако.Вие сте тие кои не мислите со своја глава затоа што за тоа кај вас летале глави.
Одамна престана да ви се плаши овој народ.Одамна вашите закани дека ке биде лошо ако вие не сте на власт ги закачивме на мачкина опашка и ги испративме за Мајами.Се помакедончува земјава и се пере валканото кое го напластивте за да се прекријат вашите предавства.Одамна овој народ прави разлика кој краде а кој гради,кој лаже а кој исполнува,кој дели а кој обединува,кој сака а кој мрази,кој ослободува а кој затвора и убива.Јасно му е на народот дека вие не го сакате.И прави разлика и ве казнува.Не ви се плаши.
Си рекол во Истамбул дека ова не е твој народ.Ах Искендер Искендер.Ништо ново од вас.Како ли ке те удри ова кога ке се свртиш наназад после многу години.Тоа ми звучи слично на реченицата на Глигоров дека вие немате ништо со Античките Македонци и дека сте дојдени од зад Карпатите.Кога планирате да си се вратите зад Карпатите?Традиција ли ви е да го предавате,омаловажувате и убивате својот народ?Ви наредува некој или уживате во тоа?
Успеавте да се надминете во своето предавство кога во 2001 ги напаѓавте своите одбрамбени сили.Единствени сте во светот по тоа.Наместивте војна и застанавте на страна на агресорот.
Една работа никако не може да ми биде јасна.СтевШо Пендаровски му беше советник на Борис Трајковски.Нели и тој како дел од најтесниот тим требал да биде во авионот? Зошто не бил на тој лет? Му јавил некој да не иде?Болен бил? Дали тоа го прави единствен преживеан во повеќе од очигледниот атентат врз Претседателот на Македонија? Втор врз Претседател во Македонија.Двата во време на ваше владеење.И вие тоа го подржувате аби Искендер?За такви луѓе сакаш ти да гласаш?Сен небичим бир адамсн бе Искендер Поповски?Кузусуму.
Убивањето македонци никогаш не ви било тешко.Ама нели не сме ваш народ удри.
Не само што е Запишано Искендер туку и Наречено е да изгубите.И ке изгубите за да ви биде јасно дека Слободата е тука и не ви ја даваме повторно да ја затворите во најтемната соба и да го фрлите клучот.Гледаме и правиме разлика од мизерните бараки во кои не оставивте.Правиме разлика мегу темно и светло но и помеѓу Свето и приземно.Бедниот третман на работникот и уништувањето на средната класа која сега саката да ја вратите.Вие кои ја убивте сега сакате да ја вратите.Нели е тоа болно и како ли се нарекува во медицината не знам друже ама знам дека делата зборуваат за мажите а не нивните жени.
Но тоа е уште една ваша одлика.Се криете зад фустаните на жените.Вашите жени се за вас мажишта Искендер.
Александар Македонски кога ке фател кукавица ги терал војниците од целата единица на кукавицата да ги симнат шлемовите и да ги стават на главите на нивните жени за да им покаже дека и тие се похрабри од нив.Мислам дека треба да смените комплетна гардероба.Фрлете ги костумите,пантолоните,избричете ги мустаките.Тие се за мажи.
И да знаеш дека знаеме дека знаете дека ке изгубите.Како никогаш до сега МАКЕДОНЕЦОТ од кого сакавте да направите македонче ке се обедини против злото и ке ве казни пак зашто вие го заслужувате тоа..Нека се запише и ова.
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа