ЛДП бара една изборна единица и отворени листи
Пратениците на Либерално-демократската партија (ЛДП) во понеделник повторно ќе поднесе предлог закон до Собранието за воведување една изборна единица.
- ЛДП и понатаму останува доследна во својата заложба за темелни изборни реформи, со јасно изразена поддршка за воведување на една изборна единица, отворени листи, како и вклучување на предлозите доставени за независни листи од невладиниот сектор во креирањето на новиот Изборен законик, се наведува во партиското соопштение.
Од партијата потсетуваат дека пратениците на ЛДП и во два претходни парламентарни состави поднесуваа предлог-закони за оваа реформа.
-Како прва политичка партија што јавно ја застапува идејата за една изборна единица и отворени листи, ЛДП ја нагласува потребата од праведен и транспарентен изборен систем кој ќе овозможи еднаквост на гласот и директно влијание на граѓаните врз тоа кој ќе ги претставува. Веруваме дека со воведувањето на една изборна единица и отворени листи ќе се зголеми отчетноста, ќе им се даде поголема моќ на граѓаните и ќе придонесе за развој на демократијата во земјата, се посочува во соопштението.
ЛДП ги повика сите политички чинители, партии и граѓанското општество на заедничка работа и отворен дијалог, со единствена цел - конечно усвојување на праведен и инклузивен изборен модел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа