Лидерот на ДУИ се сретна со хрватскиот амбасадор

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со хрватскиот амбасадор Златко Крамариќ.

Двајцата соговорници разговарале за актуелната политичка ситуација во државата и за предвремените претседателски и парламентарни избори.

Хрватскиот амбасадор, како што информира партијата, ја истакнал важноста на посетата на Ахмети на САД, како и на земјите на Европската унија и изразил очекување за побрзо зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ.

Ахмети го информирал хрватскиот амбасадор дека партијата нема претседателски кандидат и оти поради тоа нема да ги повика гласачите да излезат на претстојните претседателски избори.

- Во однос на парламентарните избори, ДУИ е силно посветена за да го добие легитимитетот на албанските гласови со цел да продолжи да работи за евро-атланската интеграција, градење на здрави меѓуетнички односи и имплементација на Охридскиот договор, добрососедските односи, економскиот развој и социјалната благосостојба, се вели во соопштението од партијата.

За двата изборни процеси, Ахмети изразил уверување дека ќе се одвиваат во согласност со очекувањата на меѓународната заедница и оти Македонија ќе ја покаже демократска зрелост при спроведувањето на изборите.

09.04.2014 - 18:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега