Лепавцов: ЕУ да ги почитува обврските кон Македонија

Меѓународното право во случајот на Македонија треба да се почитува, побара македонскиот амбасадор во ЕУ, Андреј Лепавцов, пред шефовите на државите, на дипломатиите и дипломатите, од европските земји во рамки на Европските народни партии,.

Во својот говор пред делегатите на најбројната политичка партија во Европскиот парламент, Лепавцов најнапред истакна дека насловот на конференцијата потсетува на минатото, кога земјите од регионот биле оптоварени со прашањето кога завршува стабилизацијата и почнува пристапувањето.

 - По 20 години на тешка транзиција, серија на регионални нестабилности и војни, регионот направи џиновски скок и мина долг пат од превенцијата на конфликтите и менаџирање на конфликтите, до актуелни преговори и членство во ЕУ. Земјите од Западен Балкан направија голем напредок и многу значајни достигнувања во процесот на европска интеграција во изминатите две децении. Процесот на градење на демократските општества е неповратен во сите земји. Повеќе од јасно ни е дека перспективата за членство во ЕУ е движечка сила за стабилност и просперитет во земјите од балканскиот регион. Тоа е причината зошто ни треба помоќна Европа, поенергична Европа и повеќе ангажирана Европа, истакна Лепавцов.

09.04.2014 - 17:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега