Бесплатни превентивни прегледи добија 316 граѓани

Вкупно 316 граѓани вчера добија бесплатни прегледи од страна на медицинските екипи на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје на пункт поставен на плоштадот Македонија во рамки на акцијата „Здравје за сите“.

Превентивните прегледи кои се спроведуваат според програмските активности на Министерството за здравство имаат за цел на поголем број на граѓани да им се овозможи да добијат бесплатни превентивни прегледи -  проверка на крвен притисок, шеќер во крв, холестерол, тежина, висина и да добијат совети за заштита и грижа за нивното здравје, имајќи ги предвид резултатите кои ќе ги добијат од анализите.

Превентивните прегледи, покрај откривање на ризик факторите имаат за цел и едукација на населенето за навремена контрола на сопственото здравје како битен фактор за зачувување на здравјето, стои во соопштението.

08.04.2014 - 10:00
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега