Станиќ и Миркуловски повикани во селекцијата на светот
Ракометарите Филип Миркуловски и Дарко Станиќ ќе бидат на списокот на играчи за настап во селекцијата на Светот која ќе одигра ревијален натпревар со репрезентацијата на Египет, пренесува Спорт Медија.мк.
Мечот ќе се одигра во средината на јуни во Каиро по завршницата на баражите за СП 2015 година.
Светскиот тим ќе го води хрватскиот селектор Славко Голужа кој покрај Миркуловски и Станиќ на располагање ќе ги има и Вори, Штрлек, Копљар, Дувњак, Лазаров, Дибиров, Карабатиќ, Шмал, Агуинагалде и други.
Ако се потврди оваа информација, тогаш првпат ќе имаме македонски ракометари во една селекција на светот, а посебна чест би бил настапот на двајца ракометари на Металург.
Позитивно изненаден од информацијата, Филип Миркуловски ни изјави: “Тоа би била огромна чест за мене и сон на секој активен ракометар. Би ми било огромно задоволство да настапам за една таква селекција, како ракометар на Металург и како Македонец“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа