Уапсени 13 лица поради местење на мечеви во Англиските фудбалски првенства

 

Британската полиција денеска соопшти дека уапсила 13 лица во рамки на истрагата за местени резултати во англискиот фудбал.

Шестмина од уапсените веќе биле сослушани во декември минатата година, кога по информациите кои се појавија во весникот „Сан“ била започната истрага. 

Шест фудбалери, меѓу кои и поранешниот напаѓач на фудбалскиот клуб „Олдам“, Колумбиецот Кристијан Монтано, како и напаѓачот на „Блекбурн“, кој моментно е позајмен во „Милвол“, Дедли Јуниор Кембел, се пуштени со кауција до судењето кое ќе се одржи овој месец.

Останатите седуммина се играчи на восраст од 18 до 30 годфини, сите од клубови во северозападниот дел на Англија.

Монтано во декември добил отказ од клубот, откако било утврдено дека земал пари во замена за добиениот жолт картон.

03.04.2014 - 18:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега