Европскиот шампион на колена среде Германија: Вардар го порази Хамбург
Македонскиот шампион Вардар приреди голема сензација со елиминацијата на актуелниот европски шампион Хамбург и обезбеди историски пласман во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони. Црвено-црните славеа со 30:29 на гостувањето во Германија и го приредија најголемото изненадување во елитното натпреварување, следејќи го успехот на Металург кој претходно го елиминира Колдинг.
Хамбург во финишот успеа да се приближи до еден гол негатива, но одличниот Петар Ангелов ја одржа минималната предност, иако на Вардар му одговараше и нерешен исход поради ремито со помалку голови на првата средба во Скопје.
Ангелов блескаше на голот во неговата најдобра партија во Лигата на шампионите, а Лазаров со 6 и Карачиќ со 5 голови беа најефикасни во редовите на нашиот шампион кој поголем дел од дуелот го одигра без повредениот Стојанче Стоилов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа