Почнува снимањето на филмот „Долу од рајот“

Македонскиот режисер Саша Станковиќ денеска почнува со снимање на краткометражниот филм со работен наслов „Долу од рајот“, кој ќе биде снимен во Битола.

Ова е трет краткометражен филм на Станишиќ, по филмовите „Митот за Сара“ и „Скопје Ремиксд (Мангава Диско Панк)“, во кој главните улоги ги играат Ана Ошафкова, Зоран Бојаровски, Кристина Христова-Николова и Соња Ошафкова. Директор на фотографија е Горан Наумовски, сценограф Влатко Зафирковски, а костимограф Бурим Муслиу.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, Националниот филмски центар на Бугарија и СЕЕ Синема Нетворк.

30.03.2014 - 11:41
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега