Атланта тоне без Антиќ

 

Нашиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ синоќа не настапи за тимот на Атланта кој беше поразен од Портланд со 85:100. Тренерот го стави во составот, но поради повредата со која се здоби центарот тој беше поштеден на овој меч. 

Најзаслужен за победата на Портланд беше Ла Маркус Олдриџ, кој постигна 25 поени и имаше 12 скока. Во

редовите на Атланта Џеф Тиг реализира 22 поена.

Нов пораз 26-ти во серија доживеа Филаделфија, која го изедначи негативниот рекорд на Кливленд од сезоната 2010/11.

Иако, синоќа не играа натпревар кошаркарите на Оклахома Сити се четвртата екипа со обезбеден плеј оф (втора од Западната конференција).

Резултати на ноќешните натпревари: Атланта - Портланд 85:100, Хјустон - Филаделфија 120:98, Милвоки - ЛА Лејкерс 108:105 и Далас - ЛА Клиперс 103:109.

28.03.2014 - 15:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега