ФОТО: Вардарци утрово отпатуваа за Хамбург

 

Играчите на Македонскиот шампион РК Вардар утрово отпатуваа за Хамбург каде во недела ќе се пресметаат со истоимената екипа во рамки од реванш натпреварот од осмина финалето во Лигата на шампиони. Планирано е „црвено-црните“ да пристигнат околу 17 часот, а веднаш потоа и да бидат сместени во хотелот “Leonardo Nord City”.

До почетокот на мечот планирани се и два тренинзи, од кои едниот ќе се одржи денеска во периодот од 20:00 до 22:00 часот, а вториот е закажан за утре во терминот од 17.00 до 18.30 часот.

Вардар на првиот натпревар против Хамбург во Скопје кој се играше во СЦ “Борис Трајковски”, одигра нерешено 28:28. Вториот меч ќе се игра во недела од 18.45 часот.

Превземено од rkvardar.mk

28.03.2014 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега