Курир го повика Героски да го нападне Обама (ВИДЕО)

 

Секој човек понекогаш греши. Речиси и да нема политичар кој во својата кариера никогаш не направил некој гаф или лапсус. Гостувањето на претседателот Ѓорге Иванов во емисијата кај Јанко Илковски , каде кажа обичен лапсус, предизвика голем интерес кај опозициските медиуми, кои оркестрирано го нападнаа шефот на државата.

obama-merkel500

Ниту најголемите светски лидери не се имуни на вербални лапсуси искажани на прес-конференции или пак при медиумски гостувања. Барак Обама, Дејвид Камерон, Ангела Меркел, Владимир Путин се само дел од најпознатите светски лидери кои направиле гафoви, поради што биле мета на медиумите, но тоа во западноевропските земји и САД е природно и прифатливо.

Еден од највлијателните светски лидери,американскиот претседател Барак Обама е познат по своите гафови. Угледниот магазин „Тајм“ дури има направено и листа одТоп 10 гафови на Обама. Американскиот потпретседател пак, Џо Бајден исто така е познат по своите гафови од кои највпечатлив е оној од пред две години кога изјави дека Бил Клинтон, а не Обама е претседател на САД.

 

Дека лапсусите кај познатите лидери се речиси секојдневие покажува и вчерашниот гаф на Обама, кој од говорницата во Брисел ја остави јавноста збунета, изјавувајќи дека „Косово ја напушти Србија дури откако беше организиран референдум“, а всушност никогаш не постоеше таков референдум.

Државниот секретар на САД, Џон Керие уште еден во низата кој направил грешки. Неодамна, тој направи гаф измислувајќи нова нација – Кирзакастан. Од Стејт Департменот објаснија дека всушност мислел на Киргистан, поранешна советска држава со 5,5 милиони жители, а ја помешал со богатиот сосед Казахстан.

И европските лидери често грешат

И највлијателните европски лидери како Дејвид Камерон, Ангела Меркел и Владимир Путин прават гафови. Влијателниот британски весник Мирор, има напревно листа од десет лапсуси на Дејвид Камерон, а како еден од највпечатливите во низата се пренесува изјавата дека британскиот премиер не знае колку чини лебот.

Германската канцеларка Ангела Меркел, која важи за најмоќна жена според Форбс не е имуна на гафови. Таа неодамна не знаеше каде се наоѓа главниот град на Германија, па Берлин го смести во Русија, што наиде на неверување кај светската јавност, но нејзиниот рејтинг не се намали, туку од ден на ден е се постабилен.

 

Јавноста го памети и несекојдневниот гаф на Меркел во мај минатата година кога на заедничка пес-конференција со францускиот претседател Франсоа Оланд го згреши неговото презиме и му се обрати со Франсоа Митеран.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој според многу истражувања на угледни светски списанија важи за највлијателен светски политичар исто така е дел од оние кои прават гафови и лапсуси. Неодамна, Путин по повод смртта на рускиот режисер Владимир Мотил испратил  телеграма со сочувство до сопругата на режисерот, иако таа веќе две години била почината.

Опозициските медиуми се нафрлија на Иванов, зошто Героски не напише колумна против Обама или Меркел?

Несуштинскиот лапсус на претседателот Ѓорге Иванов во емисијата „Јади Бурек“ предизвика омраза и непрофесионалност кај опозициските медиуми, а во напливот на гнев особено предничи медиумската перјаница на СДСМ Бранко Героски, кој жестоко го нападна Иванов, па во недостиг на посериозна тема за насловна страна на својот весник, го искористи токму овој случај.

Героски во колумна објавена на Плусинфо жестоко го напаѓа Иванов за обичниот лапсус, кој ни од далеку не е толку сериозен како на пример тоа дека Меркел не знае каде е Берлин или пак низа од гафовите на Обама и Камерон. Курир го повикува Бранко Героски да напише иста ваква колумна против Обама, Меркел и Камерон и да објасни зошто овие политичари поради искажаните гафови не се добри лидери како што го напаѓа Иванов, или пак  да се извини за напливот на гнев, омраза и непрофесионалност.

Набројаните примери покажуваат дека секој човек понекогаш греши и нема политичар кој во својата кариера не направил некој гаф или пак лапсус, но она што е многу поважно и за кое запраша и Антонио Милошоски на вчерашниот митинг е тоа дали е поголема грешка вербален лапсус или стратешки пропуст

- Сум водел многу кампањи и можам да ви опишам како поминува еден ден-  во 8 часот посета на 10 села, 2 фабрики, пензионерски домови, потоа 4 митинзи, 1000 поздравувања, а после полноќ треба да се појавите на телевизија. Човечки е да се греши. Нема политичар кој не направил лапсуз.Едно ќе ги прашам-дали е поголема грешка вербален лапсуз или стратешки пропуст и да ја продадеш цела држава со територијална организација? Дали лапсуз направен од замор е поголема грешка од тоа што Пендаровски верификуваше избори со 10 проценти наполнети кутии? Дали е поголема грешка да кажеш дека 2 месеци ќе имаме привремено име, а цел свет со години да ни се обраќа со референца? Дај Боже за вашите кандидати да наоѓаме само лапсузи. Но вие правевте стратешки грешки. Иванов е патриот, човечен, ја оправдува довербата, рече Милошоски пред битолчани.

Од друга страна, само по себе е гаф величењето на несуштинскиот лапсус на Иванов од страна на Бранко Героски и СДСМ, доколку се знае колку гафови досега во јавноста има кажано лидерот на опозицијата Зоран Заев, до тој степен што не мора дури ни да дава изјави за да ја насмее јавноста, како на пример што беше последниот случај на струмичкиот макснебал.

28.03.2014 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега