Кочани ќе добие 16 асфалтирани улици
Општина Кочани ја финишираше изработката на техничката документација за асфалтирање 16 улици во градот кои треба да се реконструираат и да добијат нов асфалтен слој. Првата фаза од постапката е завршена и прерадена до Светска банка.
- Целокупниот проект е во вредност од 1,1 милион евра и очекувам целосно да биде реализиран. Светска Банка веке позитивно одговори за асфалтирање и реконструкција на пет од предвидените 16 улици, што не значи дека и тие нема да бидат поддржани од Светска Банка, вели кочанскиот градоначалник, Ратко Димитровски.
Градоначалникот информираше дека се започнати работите за изградба и асфалтирање на патниот правец од Кочани низ село Бели до раскрсницата кон село Нивичани и мананстирот Свети Илија во должина од 1.400 метри како и асфалтирање на пет улици во населените места Мојанци и Горни и Долни Подлог, Кочанско.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа