Откриен прв случај на бруцелоза во велешко
Откриен е прв случај на бруцелоза во велешко, информираат од велешкиот Центар за јавно здравје.
-Бруцелозата во последните неколку години во овој град сведена на минимум, што е резултат на одличната соработка на Центарот за јавно здрвје-Велес со ветеринарните екипи од градот кои континуирано работат на превенција и вакцинација на стоката за сузбивање на болеста, вели епидемиологот Билјана Трајкова во изјава која ја пренесува Република.
Таа истакна дека лани имало само двајца заболени, а така било и претходните неколку години.
- Само до пред седум години во овој реон годишно имаше и по 40 лица заболени од бруцелоза, што укажува дека болеста е сведена на минимум, вели докторката.
Мета на бруцелозата се најчесто сточарите кои се заразуваат преку стоката, главно овци и кози, но и граѓаните кои консумираат непроверени млечни производи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа